Моливот за очи во крем боја иако често го гледате по продавниците за козметички производи и за шминка, сепак на крај се одлучувате за молив во црна, кафеава и бела боја. Но, тоа е голема грешка! Време е да му кажете „да“ на моливот за очи во крем боја.
Моливот за очи кој е во иста нијанска со вашиот тен е парче шминка кое секоја жена мора да го има. Не се забележува, а вашиот поглед ќе изгледа многу подобро.
Кога сте одморени и вашата кожа е добро хидрирана, тогаш белките ви се баш бели, а работ на долниот капак е во крем нијанса. Но, бидејќи, реко кога сме навистина одморени, кожата ни изгледа уморно, најчесто сме под стрес, решението за сјаен и продорен поглед е моливче во крем боја. Со само неколку потези секој видлив траг на умор ненаспаност во вашите очи ќе исчезне во истата минута.
И запомнете, никој нема природна бела слузокожа во окото, па затоа моливчето за очи во крем боја е далеку подобра опција од белото бидејќи тоа изгледа многу вештачки и неприродно.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот