Каков е вашиот идеален одмор според хороскопот

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Биковите се љубители на луксузен одмор, додека Раковите сакаат да се подалеку од цивилизација. Близнаците од обичен пикник ќе направат вистинска авантура, а Скорпиите одморот го поминуваат дома.

Овен
Совршен одмор за овој знак е бегство од реалноста. Овенот својот идеален одмор го замислува на плажа или на базен со добра книга, но авнтуристучкиот дух не му дава премногу мир. Овенот ужива во џет-скијање, банџи скокање или скокање со падобаран.
Омилена дестинација му е Париз, без разлика колку го сака морето и планините.

Бик
Бикот сака луксузен одмор и сака да ужива буквално во се.
Припадниците на овој знак сакаат крстарање, хотели со 5 ѕвезди каде што може да уживаат во различни велнес и спа услуги. На патувања највеќе се интересираат за култура, филм и музика на локалното население. Идеален одмор за нив би било посета на лозови насади, каде што може да дегустираат вина- Италија или Калифорнија.

Близнаци
Близнаците сакаат да патуваат и најобичното патување може да го претворат во вистинска авантура. Секогаш се во дивижење па често може да ги видите на пикник или со пријатели. Сакаат спонтани патувања кои не треба да ги планираат месеци унапред.
Нивното мото е дека секој ден е ден за одмор и тоа треба да се искористи.

Рак
Раковите како воден знак се љубители на морето. Идеален одмор за нив е мала колиба на океан далку од цивилизацијата. Кога се во вода тие чувствуваат вистински мир на душата.
Не сакаат групни патувања со многу странци. За нив патување со мал круг на пријатели е идеално.
Патувањето во Сенегал или во друга далечна земја им е сон.

Лав
Лавовите сакаат да го шетаат светот, а тоа ги одржува во живот. Сакаат егзотични патувања, посета на џунгли, прашуми или сафари.
Тие сакаат групни активности, патуваат со непознати луѓе и уживаат во новите авантури. Патување на Тајланд или Бали ќе ги воодушеви или пак брачно патување во Лас Вегас.

Девица
Девиците на одмор сакаат најпрво мир и тишина за да може да се опуштат. За нив одличен одмор е одморот на село. Сакаат животни и отворен простор.
Пребирливите Девици треба 2 пати да помислат пред да организираат патување со пријатели зошто на одмор може да не се опуштат и само да ги нервираат луѓето околку нив.

Вага
Вагата е голем аватурист и патник. Идеално патување за Вагите се места како Кенија или Боливија.
Највеќе сакаат да истражуваат за локалците, начинот на живот и нивната култура.
Вагата е воздушен знак и го привлекуваат висини, како скокање со падобран. Обожуваа и патувања со хуманитарни цели.


Скорпија
Скорпиите не се љубители на патувања, но додека се во движење сакаат да се во улога на истражувачи.
Највеќе сакаат да патуваат сами, со смејствето и пријателите. Им се допаѓаат европските градови или Азија.
Љубители се на места каде што може да се „изгубат“ да го проучат локалното население, јазикот и обичаите.

Стрелец
Стрелецот е вистински авантурист. За него не претставува проблем да го помине животот патувајќи.
Егзотични локации како Бали, Азија или Источна Европа се идеални за овој хороскопски знак. Негова омилена работа е туристички водич бидејќи само на тој начин може да ја задоволи својата потреба да биде активен и во движење.
Учењето за други култури и обичаи е вистински предизвик за овој знак.

Јарец
Јарецот е интересен знак и поради неговата амбиција сака да ја „носи“ работата со себе на домор. Јарецот сакаа отворени места.
Рафтинг или места каде што може да се оди со точаци е идеално место за Јарецот бидејќи сака постојано да е во движење.
За останите кои сакаат градови со поголема гужва идеална посета е Њујорк.

Водолија
Водолиите се вистински номади и сакаат постојано да истражуваат нешто ново. Не може долго да издржат на едно место. Не сакаат многу групни патувања. Сакаат кога патуваат сами или со пријателите. Сакаат да патуваат во далечни земји како Индија, Тајавн Кенија…

Риби
Рибите сакаат необични патувања на кои пред се бараат забава.
Сакаат да посетуваат егзотични места, а дестинација како Мароко или Аљаска би било вистинско доживување за нив.
Рибата е воден знак и поради тоа не може да замисли одмор без море. Инаку тие се љубители на лукзуни патувања.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.