Како Пинк ја одржува витката линија?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Пејачката Пинк која е позната по своето мускулесто тело, често признава дека обожава храна, но дека внимава колку и што консумира. Иако е голем љубител на храната, т.е. вистински гурман, Пинк веќе години наназад успева да го одржи телото затегнато, благодарение на напорните тренинзи.

Таа за време на бременоста се хранела со чизкејк, тестенини, бонбони, за кои не може да се каже дека се здрава храна. Меѓутоа, после бременоста ги ангажирала познатите фитнес инструкторки Џилијан Мајклс и Џенет Џенкис, со кои соработува и денес.

Пинк редовно спроведува детоксикација на организмот за да го исчисти своето тело од токсини, а во кога е во таа фаза, цели 11 дена јаде само спанаќ и брокули. Освен овие два намирника, таа не практикува додатна исхрана, освен смути и некои природни сокови.

После детоксикација, Пинк започнува да јаде храна богата со протеини и здрави масти.

По протеинската фаза, Пинк се префрла на избалансирана исхрана. Нејзиниот режим на исхрана главно се состои од свежо овошје и зеленчук како зелена салата, авокадо, киноа итн. Понекогаш консумира риба и пилешко.

Но, сепак, признава дека никогаш не би имала такво тело како што има доколку не вежба напорно. Таа вежба по час и половина, 5 дена во неделата. Прави повеќе видови на вежби, но како што има и сама изјавено, најмногу ужива во Hot yoga која ја практикува 20 минути дневно.

Hot yoga е вид на јога која се изведува во простории загреани на 37 степени и влажноста на воздухот од околу 50 степени. Со ваквиот начин на вежбање лесно се топат калориите.

Како и да е, нејзиното тело изгледа фантастично.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар