ВИДЕО: Куче спасено од шелтер центар ја изразува својата љубов и благодарност

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Видеото што виртуелно се прошири уште во 2017-та година (кое може да го погледнете подолу), ја покажува емотивната поврзаност меѓу кучето Рус со раса пит бул и студентката Кајла Филун која го спасила од шелтер центар и го вдомила.

Да се потсетиме на Кајла и Рус…

Кајла всушност некое време волонтирала во локалниот животински шелтер центар кога прв пат го запознала малиот Рус. Кучето боледувало од “кашеста кашлица” и страдало од други заболувања како инфекција на очите и чешање на кожата, поради што немало ни доволна тежина. Покрај сето тоа, Кајла веднаш го забележала и во истиот момент знаела дека мора да во двоми и да се грижи за него.

По некое време открила дека Рус знае некои основни команди како “седни” и “стани” , поради што помислила дека некој претходно го чувал во својот домот и се грижел за него, па се запрашала како Рус завршил во шелтер центар во толку лоша здравствена состојба.

Денес, Кајла и Рус се уште го делат секојдневието заедно и по фотографиите споделени на социјалните мрежи се гледа дека прекрасното куче изгледа многу поздраво и негувано.

Ноември, 2018
Април, 2019
Јуни, 2019

Во прилог, погледнето го краткото видео кое со сигурност ќе ве разнежни:

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.