Би можело да се рече дека да му бидете асистент на Леонардо Ди Каприо, е исто како да сте крал или кралица. Дамата која му била десна рака, Кеси Браун, открива како е да се работи за оскаровецот.
“Тој е екстремно приземјен, и сака да ги споделува своите приказни и животни искуства со луѓето”, ппризнава Кеси. Таа го добила посакуваното работно место преку пријател, кој бил на истото работно место пред нејзе. Таа потпишала да работи за познатиот актер, за време додека траела снимањето на неговиот филм-Авијатичарот во Лос Анџелес. Среќната дама признава-“Си помислив, зошто да не? Ќе имам шанса да гледам во живо како работат Мартин Скорсезе и Ди Каприо, треба да сум луда да не искористам таква шанса”.
Додека работела на сетот на драмата со Лео, таа научила многу работи за славниот актер. “Тој е многу паметен, и има познавање од политика, поп култура, историја, плус има интересна смисла за хумор”, вели Кеси.
Тие за време на снимањето се зближиле и се шегувале и забавувале цело време. Имале и свои интерни шеги, една од нив била кога Лео глумел дека е типична, ексцентрична, славна личност па Кеси морала да му се поклонува и да му персира цело време. Нормално, сето тоа било само дел од шегата.
Кога во 2004 година снимањето на филмот завршило, завршила и соработката помеѓу нив двајца и секој од нив си тргнал по својот пат. Од тој момент па наваму, неговата поранешна асистентка вели дека тој продолжил да ја подржува во нејзиниот сон да успее во Холивуд. Тој ја охрабрил да ги прати нејзините проекти до неговата компанија за продукција, и исто така и дал информација за комично шоу, кое таа ќе го продуцира неколку години покасно. Таа во 2015 година го напишала и режирала својот прв филм, за што имала целосна подршка од оскаровецот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот