Како да ги донесете најтешките одлуки во животот?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Дури и луѓето што не се психолози ќе ви кажат дека најважната личност што треба да ја прашате за совет и кога треба да донесете некоја значајна одлука сте самите вие.

Факт е дека луѓето донесуваат подобри одлуки кога се работи за туѓи проблеми, и тоа е затоа што тогаш размислуваме со чиста глава за туѓите проблеми и не сме субјективни како кога треба да донесеме одлика за себе.

Токму затоа, кога треба да донесете важна одлука, најпрво разгледајте ги сите аспекти, ама од перспектива на некој друг. Доказ за ова е и испитувањето што се вршело на Универзитетот Ватерло. Во него учествувале 100 луѓе кои биле во долги врски, а потоа од едните било побарано да замислат дека го изневериле партнерот, додека пак другите да замислат дека некој нивни пријател си го изневерил партнерот. Потоа требале да ги споделат своите мислења – што би требале да направат тие или нивните пријатели по изневерувањето.

И како што очекувале научниците, оние што го согледале случајот преку очите на пријателите, донеле помудри одлуки во однос на оние што размислувале за себе. По ова испитување, направиле уште едно, со 100 нови испитаници. Нив прашањето им го поставиле малку поинаку: вие или ваш пријател сте го изневериле својот долгогодишен партнер. Што мислите дека треба да направите. Дел од испитаниците одговориле од аспект на виновник, дел од аспект на некој трет.

Резултатите повторно биле слични – тие што се ставиле во положба на човек кој ги гледа работите од страна, подобро расудувале и ја гледале ситуацијата од различни перспективи, давале по неколку одговори.

Од сето ова можеме да заклучиме дека кога треба да донесете тешка одлука, најдобро е да се замислите во ситуација на вашиот најдобар пријател, да ја разгледате ситуацијата од сите агли и да откриете што би го посоветувале него/неа да направи.

Верувајте, секогаш ќе си дадете подобар совет и ќе имате полесен одговор.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар