Вест којашто не ги изненади многумина е дека телевизискиот водител и комичар Џими Кимел ќе биде домаќин на доделувањето на Оскарите следната година.
49-годишниот водител на популарното шоу „Џими Кимел лајв!“, што се емитува на телевизијата ABC можеби и е најдобриот избор, бидејќи тој оваа година веќе ги водеше наградите Еми и доби одлични критики за тоа.
Добро упатените сметаат дека тој одлично ќе се снајде и на доделувањето на најпрестижните филмски награди на светот.
Друга можна причина за неговиот ангажман е и затоа што неговата матична куќа ABC ги поседува правата за пренос на Оскарите на територијата на САД. Тие неодамна го продолжија договорот до 2028 година.
Сепак, во Холивуд се зборуваше и дека Џими Кимел ја добил работата само затоа што Елен Деџенерис и Тина Феј претходно ја одбиле понудата да ги водат Оскарите следната година.
Минатата година церемонија ја водеше актерот и комичар Крис Рок.
Доделувањето на Оскарите следната година ќе биде 89-то по ред, а ќе се одржани на 26 февруари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот