Јасмин Токес ќе го носи градникот од 3 милиони долари на Викторијас Сикрет

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Викторијас Сикрет и званично го откри името на девојката што ќе го носи нивниот Fantasy градник на големата модна ревија што ќе се одржува во Париз - Јасмин Токес.

Градникот од соништата чини 3 милиони долари. За неговата изработка биле потребни преку 700 работни часа, бидејќи во себе има вградено повеќе од 9,000 скапоцени камчиња, вклучувајќи дијаманти и смарагди. Всушност, неговата вкупна „тежина“ е над 450 карати.

Јасмин, пак, стана ангел на Викторијас Сикрет минатата година, па фактот што токму таа ќе го носи најскапиот и најскапоцениот градник на светот, е големо признание за неа.

До сега најскапите градници на Викторијас Сикрет ги носеле и Жизел Бундшен, Адријана Лима, Миранда Кер, Каролина Куркова… Всушност, погледнете ги фотографиите и уживајте…

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар