Во галеријата „Остен“ до 16 јуни ќе може да се погледне овогодинешната 47-ма Светска галерија на карикатури за која на претходно распишаниот конкурс се пријавиле 260 карикатуристи од 36 земји со 1.027 дела.
Првата награда за сатиричен цртеж и е доделена на Слава Казаневски од Украина, а за карикатура на Слободан Срдиќ од Србија. Првата награда за стрип ја добива Билиг Ба од Кина додека Владимир Бороевиќ е добитник на наградата „Цицо“ за македонски карикатурист.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот