Септемвриската модна недела во Лондон им понуди на вљубениците во модата и трендовите кои потрошувачите веројатно ќе ги купат во пролет и лето 2020. година. Таа е една од модните недели на „Големите четири“ што се одржува двапати по ред еден на друг, а другите се одржуваат во New York, Milano и Paris.
Во тек е модната недела во Лондон како и протести против модната индустрија кои што секога успеваат да привлечат вниманието на нивните јасни и гласни принципи . Членовите на „Rebellion“ организација го преплавија шоуто на Victoria Beckam кое што се одржуваше во неделата во Westminster со банери и плакати на који што пишуваше “Fashion = Ecocide”, исто така протестантите се истурија со лажна крв за да привлечат уште поголемо внимание за тоа како модната индустрија на лош начин делува на кллиматските, биолошките и социјалнните промени. Оваа организација е позната по големи број на протести како во модната индустрија така и во модната недела во Лондон.