Разводот повеќе не е „резервиран“ само за партнери на возраст од 40-50 години. Сите познаваме барем една личност разведена пред 30-тата.
Разводот е тежок момент од животот, а особено тежок за помлади луѓе кои се уште ја идеализираат својата љубов…
Но секоја лекција во животот прави да пораснеме, не прави посилни и посвесни.
Три млади дами храбро ги споделија своите приказни за тоа како е да си разведена жена пред да наполниш 30 години.
Тие исто така споделија совети на жени кои се наоѓаат во слична ситуација…
Николина:
„Имам 26 години и наскоро ќе бидам разведена. Никогаш не сум помислила дека некогаш во животот ќе се најдам во ваква ситуација. Се омажив на 23 години, кога дознав дека сум бремена.
За она што мислев дека ќе биде мој среќен крај , испадна како венчавка во која ме навлекоа со лага.
Највеќе ме болеше тоа што мислев дека тој ме сака на ист начин како и јас него.
Маја Ангелоу вели: „Кога некој ќе ти покаже кој е, верувај му“. Но изгледа дека јас овие знаци ги игнорирав.
Овој глас кога е во вашата глава послушајте го. Не мислете дека нешто ќе се промени, бидејќи нема.
Не сметам дека поради тоа сум огорчена, бидејќи и понатаму верувам во себе и на итуицијата, но едноставно направив лош избор и си простив за тоа.
Нема да ги генерализирам сите мажи како едно, само поради мојот поранешен сопруг, бидејќи не се сите исти. Тој беше отровното јаболко што го загризав. Се ослободив, го пуштив тоа чувство и одам понатаму“.
Рената:
„Бев во брак 4 години. Се разведовме кога наполнив 27. Влијанието што разводот го имаше на мојата самодоверба беше импресивен. Првата моја реакција беше – Успеав!
Се уште сум млада немам деца, слободна сум. Тоа навистина ми влијаеше позитивно.
Мојата самодоверба беше толку силна што постојано ми приоѓаа нови мажи, но бев сигурна дека не сакам да поминам низ истото, барем не за толку кратко време.
Бев свесна дека мора да сторам нешто за себе, автомобилот што ми го подари мојот сопруг го продадов и отидов на патување.
Тогаш повторно се открив себеси, повторно почнав да се сакам себеси и кога најмалку очекував запознав личност што денес ми е маж“.
Сања:
„ Се омажив на 24 години и мислев дека тоа ќе биде засекогаш. Три години подоцна додека се туширав сопругот извика од зад вратата дека заминува. Помислив заминува на еден ден. Потоа кажа дека се си оди засекогаш поради друга жена.
Рече дека во банка има некоја сумна на пари, а јас тогаш немав работа, а ни фамилија. Се чувствував како фрлена крпа. По некое време најдов работа што ми овозможува пристоен живот и многу подобро ми тече живото сега одошто пред тоа.
Научив добра лекција- никогаш не дозволувајте друга личност да каже колку вредите. Способни сте за многу, многу повеќе одошто мислите“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.