Интересни факти кои можеби не сте ги знаеле досега

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Колку често наидувате на интересни факти кои ве оставаат зачудени?
На пример, дали знаевте дека марихуаната нема статус на наркотик во Северна Кореја? Или дека Џим Кери го напуштил училиштето и се вработил како хигиеничар за да го издржува семејството?

Гугл покрај многубројните можности, меѓудругото ни овозможува истовремено да се забавуваме и да научиме нешто ново. Еве некои кои го задржаа нашето внимание:

Во месец ноември, Норвежаните плаќаат половина од редовната даночна стапка, а ваквата постапка е со цел луѓето да имаат повеќе пари за Божиќ.“ Хумано, нели?

Сонот на жирафите трае 5 минути…И после зошто биле толку високи…

Нашето тело содржи околу 0.2 милиграми злато, кое во поголемиот дел се наоѓа во крвта.

Целосното име на Скуби Ду е Скуберт Ду.

Еднаш во познатото шоу на Џими Кимел во кое гости требало да бидат Arctic Monkeys и Kanye West, перформансот на британската група морал да биде одложен бидејќи Каниe прeмногу долго зборувал.

Медузите и раковите се сметаат за биолошки бесмртни – тие не стареат и не умираат освен ако не ги убие некој.

Важна информација за оние кои како домашно милениче чуваат зајак .Немојте никогаш целосно да ги капете. Не им ја потопувајте главата бидејќи може да починат од шок.

Меги Смит (Професор Мекгонагал), боледувала од рак за време на снимањето на последниот дел од Хари Потер и продолжила со активноста бидејќи не сакала да ги разочара фановите.

На Леонардо Да Винчи му требале 10 години за ги наслика усните на Мона Лиза.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот