Интерактивната претстава „Пред да умреш“ денеска на МТФ Скупи Фестивал

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

„Кои се вашите неостварени соништа?“ е прашањето кое го поставува интерактивната претставата „Пред да умреш“ на унгарската продукцијата Стерео Акт, која денес гостува во рамките на МТФ Скупи Фестивал со почеток од 20.00 ч. во Младинскиот Културен Центар.

СтереоАкт е релативно млада компанија од Унгарија, но со својот невообичаен стил, кој на гледачот му дава активна улога во текот на претставата, и имагинативниот пристап кон третирање актуелни теми, веќе постигнуваат вртоглав успех на локалната и меѓународната театарска сцена.

Во претставите на СтереоАкт, театарот е настан, гледачот учесник, а во основата на настанот лежи средбата помеѓу реалноста на гледачот и имагинацијата на авторот. Можноста за учество е отворена покана кон целата публика, но одлуката за инволвираност и степенот на партиципација сепак останува индивидуална одлука на секој од гледачите.

Претставите на СтереоАкт, претставуваат своевидна платформа, во која гледачите, добиваат прилика во рамките на зададената театарска форма, да дискутираат за своите лични интереси, секојдневието кое ги опкружува, или општеството во кое живеат.

Претставата „Пред да умреш“, со која гостуваат во Скопје, го предизвикува гледачот да размисли за нештата кои би сакал да ги направи пред да умре. Актерите во претставата исто така имаат своја листа на неостварени желби, која решаваат да ја намалат, остварувајќи ги пред публиката.

Целосната програма на МТФ „Скупи Фестивал“ можете да ја проследите на официјалната веб страница на фестивал, www.skupifestival.org.mk.

Билетите со цена од 150 денари можат да се купат на билетарницата на МКЦ, или да се резервираат на [email protected].

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

МТФ „Скупи Фестивал“ е поддржан од Министерството за култура на РМ и Градот Скопје.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.