После неверојатната соработка со брендот Balmain, модната куќа H&M најавува нова соработка со брендот Kenzo. И ние, ептен чекаме овој договор да го види светлото на денот и да видиме кои тренди парчиња ќе ги понуди ова дуо.
Заедничката колекција на H&M и Kenzo ќе понуди облека и модни додатоци за жени и маќи кои ќе бидат достапни во 250 H&M продавници ширум светот.
Познавајќи ги разиграните принтови кои се заштитен знак на Kenzo и удобноста која ја нуди H&M со сигурност можеме да кажеме дека овој тандем ќе биде повеќе од феноменален.
Од компанијата Kenzo велат дека со оваа соработка сакаат да покажат дека размислуваат надвор од рамката, да ги надминат границите и да донесат нова Kenzo енергија ширум светот.
Заедничката колкеција на овие два бренда ќе биде пуштена во продажна на 3-ти ноември.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот