Летото е секогаш период за ексеприментирање на боите, изгледот, фризурите и начин на комбинирање на стиловите.
Ако сте љубители на модните додатоци тогаш ова е одлична сезона за вас со оглед на тоа дека имате можност да одберте различни нијанси, необични форми и многубројни модни додатоци за комплетирање на изгледот.
Гломазните чанти секако дека не изостануваат како главен дел од стајлингот и ова лето. Ако дополнително ги збогатите со интересен мотив на марама ќе изгледате супер шик и разиграно.
Обетките според стилистите се задолжителни за изгледот на плажа. Округлите големи обетки кои воедно се и безвременски се накит што секоја модерна девојка треба да го поседува.
Доколку сте љубители на минималистички изглед на обетки тогаш изберете од оние со интересни животински форми или пак со бисер и пастелни нијанси.
Гломазните ланчиња никако не изгледоваат мода и ова лето. Се почесто монохроматскиот изглед се комбинира со интересна и уникатна гломазна огрлица на која паѓа акцентот на комплетниот стајлинг.
Доколку сте љубители на нараквиците бохо изгледот вели дека дури и целиата дланка да вие наредена со нараквица тоа е супер модерно. Се разбира, обрнете внимание на комбинирање на боите.
Шеширите како и секоја година се број еден а туку не заостануваат и очилата за сонце.
Различните форми и бои на очилата за сонце дополнително ја олеснуваат работата при изборот. Често знаеме да одбереме и по неколку модели само за да имаме различен изглед со секоја комбинација.
Погледнете ги нашите предлози за мала инспирација….