На секоја жена и се потребни совети плус за нега на косата, без разлика колку и да се информирани. За таа намена, во продолжение неколку совети за грешки кои жените ги прават при сушење на косата.
Грешка 1:
Косата ви е премногу мокра
Голем е бројот на жените кои почнуваат да ја сушат косата додека е мокра. Вашата коса мора да биде 60 до 64 проценти сува пред воопшто да почнете да ја фенирате со четка. Многу е помала штетата ако се употреби четка после делумно сушење. Прво треба да се впие водата и влагата со пешкир, да се помине со прстите низ неа, а потоа со четката да се чешла од врвовите кон коренот, на тој начин ја отплеткувате и не ја кубете косата.
Грешка 2
Не и давате доволно волумен на косата
Дали некогаш сте обрнале внимание на ова? Волумен! Ако сакате вашата коса да изгледа како да сте излегле од фризерски салон, тогаш со рацете подигнете ја косата од корен и така фенирајте. Обликот на четката за фенирање не дозволува да стигнете до коренот на косата.
Грешка 3
Почнувате да фенирате од погрешно место
Многу жени не ја користат четката исправно и на тој начин ја предолго ја изложуваат косата на топлина. Ова не само што е погрешно, туку и непотребно го продолжува процесот на фенирање. Ставете ја округлата четка до коренот, потоа движете ја низ косата до краевите, а потоа вратете ја назад до коренот, насочувајќи на конкретниот прамен на коса и коренот. Додека коренот и средина се исушат, краевите веќе одамна ќе бидат суви.
Грешка 4
Препаратите за коса ги користите погрешно
Кога станува збор за нанесување на препаратите за коса, лесно може да се претера. Поентата е во тоа да се нанесуваат умерено, на вистинскиот начин и место. Ако сакате волумен, нанесете го производот директно на коренот, затоа што нанесувањето само на краевите ќе ја отежне косата и ќе ја повлече надолу. Кога ќе направите фризура, многу жени мислат дека е неопходно да се стави што повеќе лак за зацврстување. Дали е исправно: Секако дека не. Прво, испрскајте со спрејот на доволна оддалеченост за да можете еднакво да ја опфатите целата коса.
Грешка 5
Користите погрешен вид четка
Ако сакате мазна коса, користете голема четка за фенирање. Колку поголема толку подобро. Подобар избор се дрвените четки со природни влакна.
Грешка 6
Не и оставате доволно време на косата да “легне”
Дозволете и на косата да се излади за потоа да исчешлате повторно. Тоа ќе обезбеди долготрјаност на фризурата.
Грешка 7
Не ги користите реквизитите на фенот(концентратор, дифузер и сл.)
Дали се сеќавате на сите оние мали додатни делови кои беа во кутијата кога го купивте фенот, а потоа ги затуривте некаде по домот? Токму тој дел, насочувачот ви е потребен за да ги исфенирате прамените како што сакате. Во спротивно, без тој дел фенот само ќе ја разлета косата наоколу.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.