
Општо е познато дека постои забрана за користење на мобилни телефони додека летате со авион. Не заради тоа што на некој му текнало да воведе ново правило, туку заради опасноста кој може да ја предизвикаат.
Постои можност да предизвикаат интерференција во комуникацијата и управување на авионот. Од авиокомпаниите апелираат до патниците да ја зголемат свесноста и да ги исклучат целосно мобилните уреди штом влезат во леталото.
Посебно е важно да се почитува ова правило, не само за мобилните туку и за секој електричен уред кои би можеле да го користат патниците, во критичните фази на летот од 10 000 стапки.
Дури, побарано е да се складира електрониката во целост на почетокот на патувањето, пред самото полетување и да им се враќа на патниците кога ќе излегуваат од авионот.
Но, за жал патниците остануваат ‘глуви’ за ваквите барања и апели, па некако постојано забораваат да ги исклучат телефоните.
Ризикот за појава на проблеми е навистина мал, но зошто воопшто да постои? Сè што компаниите кажуваат не е само за слушање, туку и за примена.
Тоа е исто како да не го врзете појасот на полетување. Да, нема да паднете ама сепак го ставате на вас, нели? Инструкциите за безбедност во случај на несреќа, никој не ги слуша, освен ако не е прв пат во авион.
Се јавува уште еден проблем меѓу патниците. Дел од нив ги следат правилата и ги исклучуваат мобилните уреди, додека другата половина која го прави проблемот на компанијата, создава непријатен лет за тие што седат до нив. Не ретко се случува да се слушне расправија, викање кое предизвикува немир кај сите присутни.
За да се избегнат какви било ризици и проблеми за време на летот, наједноставно е да се исклучат телефоните и другите уреди. Да бидеме реални, на никој толку не му се брза да се јави на телефон, светот нема да застане само заради тоа што вие сте на авионски лет кој трае неколку часа.
Безбедноста секогаш треба да биде на прво место.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.