Физичкиот изглед vs. внатрешните вредности

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ако досега се прашувавте зошто помлади девојки завршуваат со повозрасни мажи, или пак убави девојки со не толку атрактивни мажи, дојдено е до интересна статистика што ќе ве ослободи од овие заблуди.

Физичко привлекување

Според интересно истражување спроведено на Универзитетот во Северна Каролина во 1969 година, социологот Глен Елдер дојде до статистики кои велат дека изгледот и богатството се привлекуваат едно со друго.
Подобро кажано, жените со добар изглед најчесто завршуваат со помалку атрактивни мажи, но богати.

Ова тврдење стана факт во социјалните изучувања, но може да се каже и случувања.
Истражување во 2010 година покажа дека мажите фотографирани со сребрен скап автомобил, се попривлечни од оние кои биле фотографирани со црвен постар автомобил, а во 2014 година пак, проучувањата велат дека мажите фотографирани во луксузен стан се оценети како попривлечни од оние фотографирани во контролна група.

Зошто предметите или во овој случај материјалноста привлекува?
Стручните лица велат дека жените сакаат партнер кој може да се грижи за нив. Интересно е што психолозите ова го нарекуваат „Џорџ Клуни ефект“.
Во 2010 година истражување извршено на повеќе од 3.770 испитаници, покажа дека жените преферираат повозрасни мажи.
Колку понезависни стануваат жените финансиски, толку повеќе ги привлекуваат повозрасни мажи.

“Сметаме дека финансиска независност на жените им дава поголема самодоверба при избор на партнер, односно жените се чувствуваат посилни кога имаат свои ресурси. Токму затоа ги привлекуваат помоќни и постари мажи “, истакна раководителката на истражувањето од Универзитетот Данди, психологот Фиона Мур.

Таа додава дека помладите девојки често завршуваат со постари мажи зошто плодноста кај жените трае од пубертетот до менопаузата, а кај мажите започнува од пубертет и може да продолжи се до средните години- од друга страна повозрасните мажи нудат подобар статус и ресурси.

Внатрешна вредност

Една од најголемите откритија во делот на психологијата е „Здраво“ ефектот. Ова е момент кога несвесно земаме нечија карактеристика и врз база на тоа ја оценуваме неговата комплетна личност .
Токму затоа мислиме дека убавите луѓе се добри во својата работа дури и кога тоа може да не е вистина.

Но, психологот и писател Скот Бери Кауфман вели дека „Здраво“ ефектот делува и на друг на начин.

Во 2014 години истражување спороведено во Кина вклучи повеќе од 100 млади мажи и жени. Како задача им беа поделни фотографии од своите партнери за да ја оценат нивната привлечност.

Секое лице од фотографијата беше поврзано со еден збор што го опишува како позитивна личност (карактеристика) - како љубезност или чесност - или негативна личност (карактеристика) – лош или злобен.

Резултатите покажале дека личностите кои биле опишани со позитивни зборови или кои поседувале позитивни карактеристики се сметаат за попривлечни.

„Иако физичката убавина има сила за привлекување, не постои причина зошто се треба да се сведе на фичкиот изглед, а не и на внатрешните вредности“- вели Кауфман.

„Љубезноста всушност ја покажува стабилноста на личноста и односот кон партнерот“-додава тој.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.