После отварањето во 2002 година со филмот “Холивудски завршеток“, и филмот “Полноќ во Париз“ со кој го отвори Канскиот Филмски Фестивал во 2011 година, оваа година во Кан Вуди Ален повторно ќе биде прв.
Неговиот најнов филм “Caffe Society“ ќе го отвори и овој Кански фестивал.
Како и секогаш, сценариото е негово, а се темели на приказната за млад човек кој отишол да го освои Холивуд во многу важен момент за филмската индустрија.
Главните улоги ги толкуваат Џеси Ајзенберг, Кристен Стјуарт и Стив Карел, а се појавува и прекрасната Блејк Лавли.
Љубовните афери и комплицираните односи скоро секогаш се тема во неговите сценарија, а Вуди Ален успева да ги сервира на одличен начин.
Филмскиот фестивал во Кан почнува на 11, а ќе трае до 22 мај.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.