Во далечната 1996 година двајцата млади актери за само неколку дена снимиле филм кој веќе полни две децении го кријат од светската јавност и од фановите.
Се работи за црно-бело филмско оставрување „Don’s Plum“- група на млади луѓе кои се забавуваат во еден ресторан во Холивуд.
Филмот е импровизација на глумци кои „немо“ учествуваат, а Лео и Тоби за улогите заработиле по 500 долари.
Интересно е тоа што филмот никогаш до сега не се појавил во јавноста, а продуцентот Дејвид Статман во 1998 години поднесува тужба против Лео и Тоби обвинувајќи ги за анти-реклама и за забрана на емитување на филмот.
На крајот судот одлучува филмот да не биде емитуван во Америка и Канада.
Подоцна истата година Лео ја добива улогата за „Титаник“ а Тоби за „Спајдермен“.
Сепак филмот се појави на интернет оваа година, а сега може да видиме и како тоа изгледало….
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.