Apple секогаш бил на чекор пред другите. Ништо поинаку не е ни овој пат. Според пишувањата, новите телефони на овој производител ќе внесат голема новина при отклучувањето на телефонот.
Имено, корисниците на iPhone и iPad кои до сега користеа сензор и отпечаток од прст, сега ќе можат да го отклучуваат телефонот преку самиот екран, а не како до сега со копчето home.
Станува збор за препознавање на ликот на сопственикот на телефонот и единствено тој ќе може да го отклучи својот мобилен уред.
Иако заврзано се работи на оваа технологија, од Apple не се сигурни дека ќе можат да го комплетираат производот до крајот на годината, кога треба да излезе нивниот следен телефон, но таа технологија секако би се вградила во следната, подобрена генерација на истиот.
Препознавањето на лицето не е нова технологија во светот, но, познавајќи ги можностите и идеите на Apple, се очекува таа да внесе вистинска револуција во светот на мобилните телефони, препознавањето да биде возможно за само неколку секунди и во различни услови (дури и во потполна темница кога сопственикот ќе сака да го отклучи телефонот во глуво доба на ноќта).
Истовремено, тие сметаат дека ова ќе биде можеби најбезбедниот начин за заштита на приватноста на телефоните, а дека самиот телефон не би можел да се вклучи ако пред екранот се стави фотографија на корисникот.
Што да кажеме освен дека со нетрпение ја очекуваме секоја новина од овој производител.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот