Џорџ Клуни станува постар и сè поубав

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Популарниот актер Џорџ Клуни денеска го прославува педесет и петтиот роденден. За него, дефинитвно важи онаа изрека дека некои мажи се како виното, стануваат сè подобри со годините.

Клуни е роден на 6 мај 1961 година, во градот Лексингтон, во американската државата Кентаки. Татко му, Ник Клуни, бил познат американски телевизиски водител. Исто така, тој е вник на познатата американска пејачка Розмари Клуни.

Џорџ Клуни се насочил кон актерската кариера откако не успеал да се квалификува за место во беjзбол тимот „Синсинати редс“.

Клуни со години е високо рангиран на листите за најубав или најелегантно облечен маж на годината и предизвикува многу воздишки кај понежниот пол.

Клуни стапи во брак на 15 декември 1989 година, со актерката Талин Болсам. По нивната тешка разделба, тој тогаш изјави дека ќе остане вечен ерген, но адвокатката Амал Алмудин го премисли и му го тргна епитетот „најпосакуван ерген“. Клуни се ожени со неа во 2014 година и направи дури две свадби, една во Италија, друга во Британија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот