Да се биде мајка не е лесна работа. Иако е најубавата улога на светот, исто така е и многу исцрпувачка.
Жената ја има таа неверојатна привилегија да носи нов човечки живот во себе, а мајчинството е навистина просветлувачко, но и исцрпувачко искуство. Кога тоа малечко, прекрасно и нежно суштество ќе пристигне на светот, веќе ништо друго не е важно и тоа станува центарот на светот за родителите. Сето она што некогаш било приоритет, веќе не е важно.
Животот се менува, а така и вие. Одеднаш ваша мисија станува да го водите тоа мало човечко суштество низ животот, да го запознаете со сите бои, звуци и мириси. Да му го покажете светот и да му помогнете да го најде своето место во него. Навистина е привилегија да ја доживеете таа животна улога, но не дозволувајте тоа да стане вашата единствена улога.
Мајчинството не е лесна работа иако со себе носи бескрајно среќни моменти и радости. Не се плашете да си признаете дека сте уморни, бар себеси. Не се чувствувајте лошо поради тоа. Заслужувате миг одмор и ако го изговорите тоа, не сте лоша мајка. Напротив, на детето му треба ведра мајка, енергична и топла. Не само што заслужувате одмор, токму тоа ви е потребно за да можете да го пружите најдоброто од себе.
Стиснете пауза. Иако сте “супер жена“ што во денот може да заврши милион работи, не заборавајте дека сепак сте човечко суштество, имате емоции и свои потреби и треба да се грижите за себеси.
Во ред е да земете одмор од грижата дека се мора да биде совршено, трчањето наоколу и правење милион работи одеднаш само затоа што сте мајка и чувството дека не правите доволно, бидејќи навистина правите се што можете.
Време е да се погрижите и за себе и да си ја исполните душата со оние ситни задоволства во кои некогаш сте уживале. Работете на своите лични проблеми и грижете се за вашето тело и здравје.
Размилете каков пример сакате да му поставите на вашето дете, бидејте тоа го чувствува вашиот замор и незадоволство. Ако порасне во таква средина, ќе мисли дека тоа е нормално и дека така треба да биде.
Драги мајки, земете одмор додека потполно не се истрошите. Сакајте се и почитувајте се. Го заслужувате тоа.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.