Дотерани и во лето: Како да се облечете за на работа на 40 степени

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Кога ќе помислите на температура од 40 степени, градски превоз, сув асфалт – последно што ви доаѓа на ум е облека за на работа, со сако, панталони, тешки материјали, здолништа до над колена… Посакувате само да го облечете омиленото фустанче за на плажа и да го преживеете денот.

Но, за среќа, постои облека во која можете да изгледате професионално и во која полесно ќе ги издржите летните температури.

Многу важен, а не и пресуден фактор е местото каде што работите.
Ако на пример работите во банка, изборот ви е прилично ограничен, но секогаш можете да ги соблечете хулахопките или чорапите и да ги облечете чевлите на боса нога.

Ако работите во медиумите или во модната индустрија, можете да облечете речиси се.
Потребни ви само неколку клучни парчиња облека и работното лето ќе го поднесете како од шега. Некои од основните работи би требало веќе да ги имате во плакарот: макси фустан или здолниште, бермуди, лелеава кошула од природен материјал, елек и палто.

Се останато е само игра со асесоари кои секоја ваша комбинација ќе ја направат целосно нова.

Прво и основно правило: се што е пократко од лактови и од колена нагоре е непримерно. Затоа бирајте бермуди, здолништа и фустани кои одговараат на должината.

Фустан-кошула, макси фустан или здолниште се секогаш вистински избор. Ќе изгледате професионално и шик.

Ако се одлучите за бермуди, водете сметка да бидат добро скроени и секогаш во комбинација со кошула на која ќе можете да ставите каиш околу половината.
Доколку вашиот омилен фустан има должина која одговара, но е со голи рамена, секогаш можете да облечете елек врз него или да земете со вас сако и марама кои ќе ги ставате/вадите по потреба.

 

Во однос на обувките, папучите се неприфатлив избор. Наместо нив, одберете сандали, рамни или со ортопедска пета, а ако добро се снаоѓате на високи потпетици-само напред.
И не заборавајте во вашата чанта секогаш да имате шише со вода, влажни марамчиња и нешто слатко.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.