Мека, тврда, висока или ниска – перницата е многу важен дел од вашиот кревет затоа што дава поддршка на главата додека спиете.
Идеалната перница треба да го подобри вашето здравје и да ја зголеми вашата енергија. Како дополнување на удобноста, вистинската перница, исто така, ви ја обезбедува и неопходната поддршка за вратот и ’рбетот.
Најважното нешто кое треба да го земете предвид кога купувате перница, е положбата во која спиете. Доколку перницата е премногу висока, кога спиете на грб или на страна вратот премногу се витка нанапред или на страна, предизвикувајќи истегнување на мускулите на задниот дел од вратот или рамената. Од друга страна пак, ако перницата е премногу ниска, повторно доаѓа до истегнување на мускулите на вратот. Доколку не можете да се одлучите, ви препорачуваме да купите перница кај која можете сами да го регулирате полнењето. На овој начин можете да ја прилагодите висината на перницата согласно вашите потреби.
Она што е најважно е вие да се чувствувате удобно. Тогаш многу полесно ќе можете да се релаксирате, убаво да се наспиете и да се разбудите одморени. Површината на перницата, исто така, може да влијае на удобноста – некои преферираат навлаки за перници кои ви даваат чувство на свежина, други пак повеќе сакаат материјал кој ќе ги стопли.
Понудата на Дормео варира од перници со анатомска и ортопедска форма, такви со класичен облик и перници во различни димензии. Вие можете да одберете помеѓу повеќе од 20 перници, тврди, меки, високи, ниски или такви кај кои можете да го регулирате полнењето.
Погледнете ги перниците од Дормео и одберете онаа која вам најмногу ви одговара. ТУКА!
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.