Додатоци кои морате да ги имате: модел на очила за сите модерни девојки

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Модните гуруа тврдат дека овие очила ќе бидат ултимативен тренд во наредните месеци.Очилата во боја беа актуелни на почетокот на 21-от век, но, и во претходната сезона пролет/лето 2016, доживеаја голем „кам бек“ и навестија дека подолго време ќе се задржат во светот на аксесоарите.

И додека минатата година ја одбележаа пилотските очила со сини стакла, според првата прогноза на модните гуруа, во 2017 година нив ќе ги смени розевата боја.

Тоа воопшто не не чуди бидејќи „пинк“ нијансите постепено ја освоија денешната улична мода, па ги гледавме во вид на парчиња облека. Сетете се само на јакните и чизмите, кои сега извршија влијание и на полето на модните додатоци.

За разлика од 2000-та година, кога ѕвездите Бритни Спирс и Парис Хилтон носеа очила со рамки опточени со дијаманти, на пролет и на лето ни стигнуваат модели со многу едноставен дизајн, а главниот акцент е ставен врз стаклата.

Манекенката Џиџи Хадид носеше еден таков модел, во необично силно портокалови и бордо тонови, додека Селена Гомез, Бела Хадид и Хејли Болдвин се определија за сличен модел, но, со впечатлива округа рамка од метал.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.