Денеска на програмата на Cinedays ќе биде прикажан филмот „The Curve“

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Денеска на програмата на Cinedays во официјалната селекција ќе биде прикажан филмот „The Cirve“ во режија на Rifqi Assaf. Сценариото е на Rifqi Assaf и Halim Mardawi, продуцент е Rula Nasser, кинематографер Piotr Jaxa, монтажа Doaa Fadel, во продукција на Imaginarium Films, Eaux-Vives Productions, Film-Clinic, Seven Eight.

Улогите ги толкуваат: Ashraf Barhom, Fatina Laila, Mazen Moadam, Ashraf Telfah.

Приказната е за палестинецот Ради живее сам во сино „Фолксваген“ камперско комбе, и се чини дека тој бега од сопствениот живот толку, колку што побегнал и од географската локација. Додека вози низ Јордан, наидува на други луѓе со слични маки: Лејла е Палестинка, но таа се враќа во кампот Јормук во Сирија, по пропаднатиот брак. Кога нејзиниот таксист се обидува да ја ограби, Ради (навидум неволно) доаѓа на помош; Сами, во меѓувреме, е протеран либански телевизиски режисер чијшто автомобил се расипал на пат кон Ирбид. Внатре во комбето, тројцата разговараат за местата и луѓето што никогаш повторно нема да ги видат. Надвор од комбето, наидуваат искри сеќавања како пејзаж, и во друштво на неговите сопатници, Ради полека почнува да се отвора.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.