11 април е прогласен за Светски ден на милениците. Сите ги сакаме нашите миленици, ги опсипуваме со внимание секој ден и тие се во центарот на нашиот свет. Но, овој ден нè потсетува на вниманието кое го бараат не само нашите убаво згрижени пријатели, туку и сите оние улични животини, дел од нив сместени во импровизирани прифатни центри, кои имаат потреба од посебна нега и подобрување на условите за живот, како и можноста за нивно посвојување.
Инаку, Светскиот ден на животните се одбележува на 4 октомври, секоја година. Ова е ден кога се врти вниманието на светот кон проблемите со кои се соочуваат животните, недоволната грижа, како и односот на луѓето кон нив. Се охрабруваат светските организации за заштита на животни да продолжат со активната работа за подобрување на животот на четириножните пријатели.
Животените, милениците се дел од нашиот живот и нашето семејство. Тие нè потсетуваат на искрената и вистинска радост во животот. За голем дел се причина плус да се разбудат наутро. Тоа се живи суштества кои ја црпат вашата негативна енергија и ја претопуваат во чиста среќа. Го исполнуваат животот во секоја смисла, големи пријатели се на децата и позитивно влијаат на секоја сфера. Ова се само неколку работи кои не треба да се заборават, на кои не треба да се потсетуваме само на денови означени за нив, туку секој ден од животот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот