Дејвид Боуви, победник на Brit Awards 2017

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Вчеравечер во Лондон беа доделени традиционалните британски музички награди Brit Awards, а победник на вечерта беше Дејвид Боуви.

Починатата музичка легенда ја доби наградата за Најдобар албум за неговиот последен албум Blackstar“, но и за Најдобар британски соло пејач.

Најдобар видео спот од британски артисти е оној за песната „History“ на One Direction, а наградата ја добија според гласовите на Интернет. Најдобра британска соло пејачка е Емели Санде, која ја воодушеви публиката со својот настап, но и со новиот албум „Long Live the Angels.

Најдобар сингл во Британија е „Shout Оut То Мy Еx“ од Литл Микс, кои всушност и го отворија вчерашното музичко шоу.

Во категоријата Најдобра британска група победници се The 1975, кои минатата година го објавија албумот I Like It When You Sleep“. Ова беше едно од најголемите изненадувања на вечерта. Но, не беше изненадување наградата на Rag’N’Bone Man кој беше избран за Најдобар британски нов артист.

Во интернационалните категории за Најдобар машки соло изведувач е продласен Дрејк, а во женска категорија наградата ја освои Бијонсе.

Посебна награда беше подготвена и за неповторливата Адел, која е прогласена за Британски артист со најголем глобален успех, додека Роби Вилијамс освои награда за животно дело.

На доделувањето на Брит наградите освен Адел, Литл Микс и Емели Санде, настап имаа и Роби Вилијамс, Бруно Марс, Кети Пери, а му се оддаде почит и на Џорџ Мајкл.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот