Џејми Њубери, мајка на две деца, еден ден дошла на фантастична идеја да и сошие на својата ќерка фустанче кое ќе биде идентично со она кое што таа го имала нацртано. Фустанчето веднаш станало огромен хит кај другарчињата на нејзината ќерка, но и нивните родители.
Во сето ова, Џејми видела одличен бизнис момент. Таа ја основала компанијата ‘Picture This’ која им дозволува на децата сами да си ги дизајнираат своите алишта. Засега, девојчињата можат да дизајнираат фустани и здолништа, така што одбираат принт со големина и треба да го обојат, а фустанот од нивните соништа го имаат за две недели.
Погледнете како изгледа идејата на оваа мајка која ги внесува децата во креативниот свет на модата и дизајнот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.