Дали сте знаеле дека појадокот може да влијае врз одлуките кои ги носите во текот на денот?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Најновите истражувања покажале дека одлуките кои ги носиме во текот на денот, може да бидат последица на она што сме го јаделе за појадок. Сајтот Webmd пред извесно време објави текст во кој е наведена поврзаноста на храната со одлуките и начинот на размислување во текот на целиот ден.

Во овој текст се говори за влијанието на количината на јаглехидратите и протеините врз човекот кој ги внел за време на појадокот.

Кај испитаниците се утврдело дека доколку имале појадок богат со јаглехидрати, тие би одбиле нефер финансиска понуда која им била дадена, за разлика од оние кои внеле помала количина јаглехидрати во однос на протеини. Тие би прифатиле секаква понуда, сметајќи дека и малку пари се подобри од воопшто.

Луѓето кои појадуваат јаглехидрати имаат пониско ниво на амино киселини наречени тирозин кој е важен за работата на мозокот и продукција на допамин, кој влијае на “системот на надградба“ на мозокот. Тирозинот е поврзан со промените во одлуките на луѓето.

Според овие истражувања, за продуктивен ден се препорачува појадокот да биде леб, домашен мармалад, јаболка или банана.

Извор: BizLife

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот