Дали се штетни чепкалките за уши?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Колку често ги чистите ушите? Дали се нервирате ако ве чешаат, а при рака немате чепкалка за уши? Знаете ли дека чепкалките за уши, сепак не се здрави за вас?

Можеби ве нервира ушниот восок и сакате да го исчистите целиот, но тој има цел да го заштити ушниот канал и служи како еден вид лубрикант кој е потребен за нормална работа на ушното тапанче.

Можеби звучи неверојатно, но ушното тапанче се чисти самото. Кога ушниот восок ќе се исуши, при поместувањето на вилицата (кога јадете на пример) тој самиот паѓа, односно излегува од ушната шуплина.

Со чепкалките со кои се обидуваме да ги исчистиме ушите, само дополнително го туркаме ушниот восок навнатре, а памукчето кое мислиме дека е мало, е всушност толку големо што може да го оштети ушното тапанче. Притоа е отстранет само мал дел од восокот во увото, а поголемиот дел останува внатре. Истиот тој восок може да предизвика разни бактериски заболувања, а некои од нив можат да резултираат со губење на слухот.

Многу луѓе дури и не користат чепкали за уши, туку чепкалки за заби, шноли за коса или цевки за да ги исчистат ушите. Сето ова е погрешно.

Ушите најлесно се чистат во текот на миењето на косата кога во нив навлегува вода којашто самата ги исфрла валканиците од увото. Ако сепак инсистирате на чистење на ушите, направете го тоа со пешкир (исто како кога се чистат ушите на бебињата) за да го исчистите само површинскиот слој.

Лекарите препорачуваат чистењето на ушите да го направите на лекар, каде што со специјална течност ќе се исчистат длабински. Ваквото чистење на ушите, кое го подобрува и слухот, можете да го правите барем еднаш во текот на годината.

И кажете им НЕ на чепкалките.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот