Дали роботите машини за шиење се иднината на модната идустрија?

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Џонатан Зорнов, поранешен софтвер инженер, обожавал да ја гледа емисијата How It’s Made на каналот Discovery и постојано им се воодушевувал на бројните изуми. И токму гледајќи една таква емисија ја добил идејата за Sewbo, роботот машина за шиење, кој би можел да замени многу луѓе во процесот на масовно производство облека.

Тој вели дека тргнал од фактот што огромен број луѓе, претежно жени, се вработени во оваа индустрија, и дека повеќето од нив добиваат минимална дневница за својот труд. Оттука потекнала идејата за изработка на робот кој ќе може да им ја олесни работата и да ги замени при некои од работните постапки.

Самиот робот е составен од неколку роботи кои буквално го земаат материјалот, го „кројат“ и на крајот го шијат финалниот производ – парче облека според одреден дизајн. Тој се надева дека овие роботи ќе влезат во масовна употреба во фабриките и дека ќе бидат широко прифатени бидејќи се побрзи и попрецизни од живата работна сила и не им треба пауза во текот на работата.

Sewbo постои една година, а Зорнов веќе склучил неколку договори со фабрики во Америка, но и во Азија, за вклучување на неговиот робот во нивната работа.

Модната индустрија е архаична во однос на производството“, вели тој. „Се лажете ако мислите дека ова го правам за пари. Напротив, го правам за да им помогнам на луѓето.“

Од овој робот, секако најголема корист ќе имаат фабриките за масовно производство. И модната индустрија. Дали роботите машини за шиење се навистина иднината, ќе покаже времето.

И иако првичната идеја можеби не била лоша – да се помогне на луѓето што работат во оваа индустрија, сепак, ова на крајот можеби ќе се сведе на нивно отуштање од работа и на целосно преземање на работата од страна на автоматизираните шивачки машини.

Што мислите, во случајов што е полошо – што се работи без престан за мала дневница или да се изгуби работата? Проценете самите!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот