Дајте и вкус на водата!

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Сите знаеме колку е важно пиењето на осум чаши вода дневно, не често се случува да ја замениме со некој друг пијалак, бидејќќи водата ни нема вкус, а ние сакаме нешто вкусно. Но, водата секогаш може да ја збогатите со овошје, да и дадете вкус и притоа да го пиете најздравиот пијалак на светот збогатен со витамини. Ви нудиме неколку интересни идеи за тоа како да и додадете вкус на водата.

Најнапред, треба да знаете дека секое овошје кое ќе го ставите во водата би требало да биде свежо и пред да го ставите во водата треба добро да го протресете во обична стаклена тегла. Количината на овошје која ќе ја ставите во водата ја определувате сами, во зависност од тоа колку сакате да биде интензивен вкусот на „овошната вода“. Еве ги најдобрите комбинации на овошје и зачини за ептен вкусна вода

Лимон, портокал и лимета

Лимон, ананас и ѓумбир

Краставици, лимон и нане

Ананас и свежо нане

Малини, лимета и нане

Јагоди и лимон

Лубеница и рузмарин

И за оние мрзелвите, во калапи за коцки мраз ставете две лажички вода и зрнесто овошје и замрзнате. Ќе добиете ем вкусна, ем разладена вода.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот