Празниците кои ни претстојат се причина за среќа на многу луѓе, токму заради семејниот момент кој е на прво место. Нова Година и Божиќ се денови кога целото семејство е околу елката и празничната трпеза, славејќи за среќата да бидат еден со друг.
Но, ова е период кога треба да се мисли и на оние кои не можат да си го дозволат сето ова. Затоа, ние како луѓе, сме тука да си подадеме рака и да помогнеме.
За таа цел, изминатата недела во ординацијата на Др. Ѓорѓи Паскалов почна акција за собирање средства, односно донации на храна, облека, празнични реквизити за самохраните мајки кои имаат потреба од тоа.
Сите донации се доставуваат во самата ординација, на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.55, а понатаму има тим кој ќе ги испрати на соодветните семејства.
Повеќе информации ТУКА.
Да помогнеме сите!
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.