Убавината и младиот лик се нешта кои сите ги посакуваат да ги имаат дури и во поодминати години. Оние со подлабок џеб се подготвени да платат илјадници долари како би изгледало младо, убаво, без брчки. Па, се разбира, токму поради ова постојат салони кои нудат екстра скапи третмани, кои се и по малку невообичаени.
Златна маска за лице
Целото лице се премачкува со слој од чисто 24-каратно злато. Златната маска би требало да ја подобри еластичноста на кожата и да го забави процесот на стареење. Цената на еден третман е околу петстотини резултати, а видливи егекти има дури по десеттиот третман.
Дијамантска масажа
За богаташите кои не се воодушевуваат од златни третмани, создадена е дијамантска масажа „Dream Girl“. За време на третманот дијаманти во вредност од 1 милион долари се поставуваат на грбот и лицето на клиентот и со нивна помош терапевт прави масажа за релаксација. Ваква масажа чини околу дваесет илјади американски долари.
Луксузна бања
Луксузната бања меѓу останатите состојки вклучува вода од глечери, морска вода извадена од 900 метри длабочина на Хаваи и 24-каратно златни ливчиња кои пловат по водата. Еден третман во луксузната бања чини цели 50000 долари.
Да, има и не толку скапи третмани за убавина, но, тие во најмала рака се чудни. Понекогаш и бизарни. Такви на пример се змиската релаксирачката масажа која ја прават змии, за среќа неотровни. Спа центарот кој ја нуди се наоѓа во Израел и тврди дека ефектот е незаменлива, а масажата чини околу сто долари и маската за лице од измет на славеј. Ваков третман чини околу двесте долари. Овој третман е популарен во Јапонија, но и славните лица од Холивуд, меѓу кои и Викторија и Дејвид Бекам кои се воодушевени од ефектот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот