Чиа семето (Salvia hispanica) е древна намирница која некогаш се користела меѓу ацтечките војници во текот на нивните патувања. Тогаш се зборувало дека една лажица на чиа семе може да држи ситост и до 24 часа.
Од неодамна неговите својства пак се најдоа во центарот на вниманието. Има одлична нутрициска вредност и е едно од ретките наминирници кои пружаат целосни протеини. Покрај сето ова, чиа семето е богат извор на антиоксиданси, омега 3 масните киселини, алфа линоленска киселина, влакна, минерали како што се калциум, калиум, фосфор, бакар, железо, манган, магнезиум и цинк, како и комплект Б витамини, ниацин, рибофлавин и тиамин.
Едно од посебните својства на чиа семетое неговата способност да ја апсорбира водата и да ја претвора во гел кој може да се меша со храната, без да го менува вкусот, поради што е одличен избор за слабеење. Едно истражување покажа дека чиа семето може да помогне во контролата на нивото на глукоза во крвта и да помогне личноста подолго време да се чувствува сита.
За да направите гел од чиа семе, измешајте 1/4 шолја чиа семе со 2/4 шолја филтрирана вода. Добро измешајте го, почекајте неколку минути и повторно измешајте. Потоа пуштете да стои 5 до 10 минути се додека не се формира гел. Измешајте уште еднаш и додадете половина порција гел од чиа семето во половина порција оброк.
Гелот може да стои во фрижидер и до 2 недели. Можете да го додавате во житарки, кечап, сенф, разни сосови за салти или скара, џемови, мармелади, млечни производи…. Гелот исто така може да се користи за намалување на потребата од масло во подготовката на домашен леб дури за една третина. На тој начин се намалува и внесувањето на калории, а се зголемува на влакна.
Како да се користи чиа семето?
Додавањето на чиа семе во секојдневната прехрана ја зголемува нутрициската вредност на вашите јадења. Едноставни посипете го врз кое било јадење, како што се супи, салати, компир, сладолед, житарици….семето има лесен оревов вкус и многу брзо ќе се вклопи во вкусот на останатите намирници.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.