Човекот кој неделно вработува по 100 луѓе во Google, советува како побрзо да добиете работа

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Google секоја недела вработува 100 нови луѓе, а Laszlo Bock кој е потпретседател на секторот човекови ресурси во компанијата и задолжен за донесување на одлуки од типот - кој е, а кој не доволно добар за Google.

Во интервјуто за The New York Times тој зборува за тоа како да се претставите себеси во најдобро светло пред работодавецот…

Според неговите зборови, ваша цел при интервју за работа е да се претставите себеси со специфични вештини и карактеристики и да и покажате на компанијата на кои начин таа ќе има корист од вас.

Зборувајте за искуствата од вашата мината работа, бидејќи не е доволно само да наброите неколку факти. Доколку на претходното работно место сте донеле некој новитет, објаснете го и кажете го тоа, дадете причини за истото и истакнете ги вашите јаки страни.

„Многу луѓе на разговор за работа не се изразуваат најдобро за работите кои треба- зошто направиле нешто, како дошло до тоа и слично - дури ни кога имаат најдобра приказна за тоа не знаат да го објаснат на сопствен начин процесот“- вели Bock.

Уште еден од значајните совети се однесува на пишување на CV. Bock вели дека кога се пишува за себе, вештините треба да се нагласат споредувајќи се себеси со другите во истата индустрија.

Како би требало тоа да изгледа:
„ Сум постигнал една работа, што е важно за друга, а работам трета“.

Тоа би се објаснило вака: „Сум пишувал статии за The New York Times, но подобро е ако кажете: Имам објавено 50 статии, што е многу повеќе доколку се погледне 6-тиот член кој се однесува на пишување статии, а тоа сум го постигнал благодарејќи на мојата стручност што ја поседувам во таа област во рок од 3 години“- додава Bock.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар