Јакоба Савадобо е Африканец кој патувал низ пустините во последните 30 години се цел да ја оживее сувата пустинска почва. Единствените алати кои ги користи се лопата и цврста верба дека се може да биде променето на подобро. Резултатите кои изненадија многумина, зборуваат во негово име.
Во 80-тите години, огромна катастрофа уништи голем дел од Африка, поточно се што било зелено и полно со живот. За да преживеат, локалните жители морале да се отселат и да го напушатат регионот. Но, единствениот кој останал бил Јакоба.
Немајќи способност за читање и користење на модерна технологија, тој за да го оживее просторот, користел стара африканската техника наречена “заи”. Преку нeговиот начин на садење семиња , односно експериментот кој му успеал, денес квалитетот на почвата е многу подобрен.
Светот за оваа приказна дозна во 2010 година преку документарецот наречен ’The Man Who Stopped the Desert.’ Неговата техника “заи” добила на размер и денес се користи во многу региони во Африка каде има потреба од подобрување на квалитетот на почвата.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.