Секоја жена во својот плакар,ако не повеќе, има барем еден пар високи потептици. Штиклите, како што милуваме да ги наречeме се најголемата љубов на секоја жена. Жените ги купуваат, ги чуваат, се грижат за нив, срцето ги боли кога ќе сфатат дека некој пар и не е повеќе за носење.
Штиклите се тајни сведоци на многу приказни. На многу емоции, средби, разделби, бакнежи и солзи кои ги доживеала една жена. Пар штикли и жена е љубов која трае. Нераскинлива. Возбудлива при секое облекување. Разочарувачки тажна при секое соблекување. Некогаш знаат да предизвикаат болка. Но, убавината боли.Познавам девојки кои и со стотици пара високи потпетици, никогаш немаат доволно за секоја прилика. И секогаш купуваат нови. Влегуваат во минус на банкарската сметка само за да си ги дозволат тие црвени штикли кои им се насмевнуваат.
Нè носат до нови дестинации, а нивното тропање зборува за еден никаде незапишан ден од нашето постоење.Нивниот звук го означува почетокот на една нова приказна, една нова страница од вашиот живот.Штиклите се вистинската работа за подарок. Еден од оние подароци кои жените ги прават неизмерно радосни.
Кога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција и страст. Начин да ги гледаме работите од малку повисока перспектива. Но, најдобро од сè е погодувањето на вистинските штикли. Оние кои после првата проба го добиваат епитетот „најљубени“. Оние кои не предизвикуваат болка и ја имаат идеалната висина.
За да ја откриете идеалната висина, потребен ви е само линијар. Стапалото испружете го напред, а растојанието помеѓу петата и точката каде што може да се свитка стапалото ја дава идеалната висина на потпетиците која ви е потребна.
И се разбира, уште денеска почeстете се пар нови штикли! Оние со кои ќе може да го освоите светот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.