Прекрасната Ирина Шајк не е единствената манекена што се прошетала бремена на една од голимите ревии на Викторијас сикрет, но е последна во низата.
Пред неа своето стомаче на пистата го покажаа и Александра Амбросио, Дотсен Крус и други.
30-годишната манекенка го очекува своето прво дете со актерот Бредли Купер и до пред ревијата успешно ја криеше бременоста од јавноста и од папараците кои ја следат оваа двојка на секој чекор.
Се верува дека Русинката е во второто тримесечје од бременоста.
Овој пат, таа беше малу повеќе покриена во однос на другите ангели на Викторијас сикрет кои пред неа се прошетале бремени на ревиите на овој глобално популарен моден и козметички бренд.
Па што мислите, која од моделите изгледа најубаво бремена и на пистата?
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот