Бредли Купер и неговата девојка, Ирина Шаек го добија првото дете, пишуваат американските медиуми.
Актерот кој зад себе има неколку номинации за Оскар и рускиот супермодел се пресреќни за приновата.
Тие почнаа да се гледаат во 2015 година, а врската пред јавноста ја официјализираа минатата година.
Како и повеќето познати парови, тие новината за бебето ја чуваат во тајност се додека не стана очигледно минатиот месец кога папараците ја забележаа во облека за трудници на улиците на Калифорнија.
Како и бременоста, така и информацијата за новото бебе успеале да ја скријат од јавноста две недели, пишува Usmagazine.com
Во секој случај,светот им честита за приновата и е во очекување на официјални фотографии од новото „селебрити“ бебе.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот..