Танцовите клубови Break a Leg и Eat the Beat од Скопје се организатори на Европското Првенство и Светските купови.
На овој голем интернационален танц настан ќе има учесници и официјални лица од 22 земји, односно над 900 танчери.
Настанот ќе се одржи во С.Ц. Јане Сандански 7-9.11.2018. Ова Европските првенства и Светските купови се дел од танцовиот проект наречен DANCE OFF кој покрај гореспоменатите првенства на 10ти и 11ти Ноември продолжува со Меѓународниот танцов натпревар DANCE OFF 2018 , каде ќе учествуваат над 3000 натпреварувачи од 17 земји.
Поради огромниот интерес натпреварот покрај С.Ц. Јане Сандански на 11.11.2018 во истовреме ќе се одвива и во Македонската Опера и Балет, односно балетскиот дел од натпреварот. Она што е најпримамливо за танчерите е дека најдобрите 15 перформанси од сите натпреварувачки денови ќе се натпреваруваат на ГАЛА Вечер каде наградниот фонд е 300 000 денари.
Гала вечерта ќе се одржи на 11.11.2018 во 21:00 во Македонската опера и балет.
. При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот