Кога помислуваме на хотел, помислуваме на широка соба со удеобен кревет и меки перници. Кога помислуваме на луксузен хотел мислиме на хотел со апартмани, спа - центар, барови, достава на појадок во соба и слично. Но, кога мислиме на навистина чудни хотели на памет ни паѓаат следниве…
Safari Elephant Hotel - Бали
Прв доказ дека не сте само во некој стар и кичаст хотел е транспортот на слонови кој го добивате за да стигнете во вашата соба. И се околу вас е со детали од слонови. Дури и кога се капите во базенот или вечерате, околу вас слободно се шетаат Суматранските слонови.
Salt Palace - Боливија
Ако сакате да откривате невообичаени ентериери тогаш посетете ја Солената Палата, хотел во Боливија. Луксузната Солена Палата е целосно изградена од сол. Подот, таванот, ѕидовите, креветите, столчињата – се е од сол.
Kakslauttanen arctic resort - Финска
Овој хотел нуди футуристички стаклени игла, со гарантиран непречен поглед кон Аурора бореалис, која се појавува од август до април. Стаклото е специјално термално стакло, кое не замрзнува и покрај неверојатно ниските температури од - 30º Целзиусови.
Hotel Utter Inn - Шведска
На прв поглед овој хотел само мало баракче на сред езеро. Но собата се наоѓа на 10 метри под нивото на водата, во самото езеро. Првично уметничка инсталација, денес овој хотел нуди една соба со подводно панорамско разгледување. За вистинска релаксација можете да се одморите на платформата или на околните ненаселени острови.
Villa Hamster - Франција
Сте се запрашале ли како живеат хрчаците во нивните кафези? Епа сега имате можност да го почувствувате на своја кожа. Вилата Хамстер во францускиот град Нант ви нуди единствено искуство. Да престојувате во „кафез“ соба, да пиете вода од црево на ѕидот, и за се „извртите“ во вистинско функционално глувчешко тркало.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот