Жените ја носат убавината во себе, но секогаш е потребна помош истата да излезе на површина. Секој жена треба да си дозволи разгалување по нејзин вкус. Почнете со мирисот кој ќе ги обземе сите околу вас.
Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, а со маскарата Big & Multiplied Volume трепките се оптички мултиплицирани и добиваат интензивен волумен.
Со цел да ги изненади припадничките на понежниот пол, козметичката компанија AVON го избра меѓународниот ден на жената, 8-ми март како идеална пригода да претстави два нови прекрасни производи. Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, а со маскарата Big & Multiplied Volume трепките оптички се мултиплицираат и добиваат интензивен волумен. Новите производи веќе им се достапни на домашните вљубеници во квалитетната шминка и во свежите и заводливи мириси.
При изработката на новиот парфем Dreams, главната мисла водилка на светски познатите и наградувани парфумисти на AVON била да се долови невиноста и убавината на детските соништа, но и чувството дека се е возможно. Сето тоа е ‘спакувано’ во комбинацијата на водна слива, роза и интензивни дрвја, а пораката која стои зад овој нов производ е „Се е возможно со Avon Dreams”.
-На 8-ми март, сакаме да им порачаме на сите жени никогаш да не престанат да сонуваат. Да се сетат на чувството на бескраен сон во младоста, на невиноста и оптимизмот. Сега е време да се обноват тие длабоки чувства, да се сетите на заборавените соништа и да ги остварите-истакнуваат од AVON.
И познатата холивудска дива Одри Хепберн вели дека убавината на една жена е во нејзините очи, а козметичката компанија создаде производ кој ќе им помогне на жените да имаат заводлив поглед.
Сигурно би сакале да имате маскара која штом ја нанесете ќе знаете дека го дефинира вашиот совршен изглед.
Маскарата Big & Multiplied Volume е дизајнирана со цел да не се создаваат згрутчувања, без размачкување.
“Најлесниот начин да добиете драматично впечатливи трепки е да нанесете од маскарата Big & Multiplied и да добиете инстантен волумен. Водоотпорната формула ги дефинира и одвојува трепкит, без грутки и размачкување-за најгламурозен изглед на трепките досега“, вели глобалната AVON мејкап артистка Лорен Андерсен.
-Маскарата е направена со помош на нова револуционерна Smart Slip технологија, која ја одвојува и ја зголемува секоја трепка. Воедно, соодветна е и за луѓе со особено чувствителни очи-посочуваат креаторите на Big & Multiplied Volume.
Неодамна, AVON својата носечка идеологија ја наслови „Убавина со цел”, мото кое комплетно ја раскажува приказната за компанијата која покрај тоа што создава производи за убавина, се грижи и за благосостојбата на жените и поттикнувањето на нивната лична независност и самостојност. По тој повод, на социјалните мрежи беше организиран и креативен предизвик, на кој жени од Македонија преку специјално дизајнирана апликација и под знакот #УбавинаСоЦел креираа персонализирани постери со свои лични пораки за повисоките цели на убавината. Пристигнаа голем број пораки, а жирито составено од Зоналните менаџер на Avon Македонија ја одбраа најдобрата-„Убавината е во малите нешта. Таа е постоење и чувство на безусловна среќа“. Авторка е студентка на Економски факултет, Росана Митевска која е и AVON претставничка.
Компанијата посочува дека и во иднина ќе продолжи со активности со фокус на жените како нивна најголема инспирација. Неизоставен ден од работата се и континуираните заложби и кампањи на компанијата, поврзани со борбата преку ракот на дојка и против семејното насилство.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот