Минатата сабота, во просториите на салонот за нега и убавина Полена во Скопје се одржа презентација на козметиката на Farmona од Полска, каде што присутните имаа можност да се запознаат со антицелулитниот ароматичен третман за тело и да се уверат во ефикасноста и квалитетот на оваа козметика.
Антицелулитната маска со личи и гуарана е ефикасна за тело со видлив моделирачки и антицелулитен ефект. Длабоко регенеративниот и потхранувачки третман за обликување и нега на телото со заносен и благ мирис на личи го забрзува метаболизмот и ги топи масните наслаги. Ја зацврстува и навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност. Се нанесува на целото тело или на деловите со изразен целулит, се покрива со фолија и термо ќебе.
Процедурата опфаќа пилинг на целото тело и релаксирачка масажа која се завршува со нанесување на ароматична маска за тело. По третманот телото станува меко и навлажнето. Благодарение на аромите на тропско овошје, третманот е исклучително релаксирачко искуство за телото и сетилата.
Антицелулитниот ароматичен третман за тело е наменет за:
-Кожа со изразен целулит и масни наслаги
-Сува кожа без мекост и еластичност
-Кожа која бара регенерација и потхранување
-Уморна кожа, кога е потребна релаксација
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
Екстракт од гуарана - Ја подобрува циркулацијата и ги намалува отоците
Шеа путер – Се добива од плодовите на шеа дрвото, наречено уште и дрво на младоста. Содржи стеаринска и олеинска киселина, и благодарение на тоа што содржи тритерпене-алкохоли и циметна киселина тој е и природна заштита од сонце. Одлично го навлажнува и омекнува епидермисот, ја заштитува кожата од сушење, прерано стареење и од штетната сончева радијација, ја измазнува кожата правејќи ја мека и кадифена. Длабоко навлажнува, потхранува и зацврстува, правејќи го телото меко и мазно. Благотворно делува при заздравување на рани.
Растителен глицерол – Го заштитува епидермисот од сушење. Ова е еден од најстарите производи за навлажнување на кожата. Неговите навлажнувачки ефекти се поврзани со неговите јаки хигроскопски карактеристики. Исто така, видливо ја подобрува еластичноста на кожата и го омекнува епидермисот. Глицеролот навлегува и во подлабоките слоеви на кожата преку иритираниот слој на епидермисот, и останува таму задржувајќи ја водата од прилика 24 часа.
Бел восок од пчели – Има бактерициден, бактериостатски, регенеративен, анестетичен и детоксифицирачки ефект, и го стимулира имунолошкиот систем и клеточниот метаболизам. Со правилна употреба не само што помага при заздравувањето на кожата кај повеќето кожни болести, туку и овозможува разубавување на кожата. Во многу региони од светот, Јапонија и Јужна Америка меѓу другите, жените користеле препарати од пчели, најмногу мед, за нега на лицето и рацете. Белиот восок е потежок од природниот жолт восок, и при кршење не е гранулиран, туку е мазен, речиси и без мирис на мед и без карактеристики на жолт восок.
Ѓумбир – Најкористеното растение за терапевтски цели во древната кинеска, тибетска и индиска медицина. Ја подобрува циркулацијата и ја затоплува кожата. Растението потекнува од Кина, но сега се одгледува и во Индија, Тајланд, Камерун и на Хаваите. Коренот е богат со полисахариди, содржи глукоза и фруктоза кои имаат навлажнувачки ефект, и ароматични масла.
Бадемово масло – Се добива со цедење на излупени плодови од бадем. Содржи голема количина линолна и олеинска киселина. Исто така, содржи фитостероли, лецитини и витамин Е. Овозможува ефект на негувана и мека кожа. Се препорачува кај сите типови кожа, особено кај сува и зрела кожа.
Алое – Луѓето долго време го употребуваат како лосион за кожа. Се верува дека убавината на Клеопатра се должела на алоето. Алоето се користи во многу козметички производи, благодарение на неговата способност да пенетрира длабоко во кожата и да ги регенерира нејзините клетки. Во козметиката алоето се користи најмногу поради одличните навлажнувачки, измазнувачки и заздравувачки својства.
Сончогледово масло – Ја зајакнува хидролипидната бариера и заштитува од губење на епидермална вода. Сончогледот е растение кое има развиено ефективен одбранбен механизам против сонце и сува клима. Овие карактеристики се искористени како заштита против деструктивната активност на UVA и UVB зраците врз клетките. Екстрактот од семето ги деактивира слободните радикали и ги заштитува младите клетки од нивните ефекти.
ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО ТРЕТМАНОТ:
-Шеќерен пилинг за тело со мирис на личи
-Маска за обликување на тело со мирис на личи
-Путер за тело со мирис на личи
-Масажно масло со мирис на личи
ЕФЕКТИ ОД ТРЕТМАНОТ:
-Намалени масни наслаги и целулит
-Подобрена циркулација
-Зацврстена, измазнета, нахранета и хидратирана кожа
-Релаксирани сетила со сензуален мирис на личи
Повелете во салонот Полена пробајте го антицелулитниот ароматичен третман за тело и уверете се во неговата ефикасност.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.