Аксел Роуз е новиот пејач на AC/DC

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Оваа вест ја објави “Atlanta radio 100.5“ а ја пренесоа и многу други еминентни медиуми кои се бават со теми од хеви-метал и хард-рок музиката.

Со соопштението е наведено дека Аксел Роуз ќе го замени Брајан Џонсон, пеачот на AC/DC, на остатокот од светската турнеја на овој бенд.

Познатиот радио Ди-Џеј открил дека од многу доверливи извори добил потврда на информацијата дека Аксел ќе настапува со AC/DC.

Сеуште нема официјално соопштение од бендот или пејачот, но се чини дека е само прашање на време. Едно е сигурно, момците од AC/DC, на голема радост на фановите, дефнитивно успеале да најдат веродостојна замена за нивниот легендарен фронтмен, кој на жалост не беше во можност да ја продолжи турнејата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот