Една од најгледаните серии на сите времиња e Friends, комедија која траеше 10 години на која и се уште засмеваме кoга ќе погледнеме некоја епизода. Но, доколку оваa серија од 90тите би се снимала денес не би имала толку голем успех како тогаш, пишува порталот Grunge , е еве зошто:
Кастингот
Сите главни улоги се белци. Во серијата пријателите само два пати имаат врски со луѓе со темна кожа, девојките на Рос и Џои. Едната беше Габриел Унинон како Кристен Ланг, а другата Аиша Тајлер во улога на Др.Чарли Вилер. Различностите не бе застапени премногу за време на 10-те сезони.
Културни стереотипи
Во епизодите додека Џули му е девојка на Рос, Рејчел не престанува да ја исмева. Посебно кога ќе ја запознае и ќе се обиде да ја нагласи нејзината азиска страна со карикирање на ситуацијата, иако ликот на Џули е од Њујорк.
Семејството на Џои е типичен стереотип исто така. Неговата баба иако целиот свој живот живее во Америка не зборува англиски, односно одбива да проговори макар и еден збор. Сестрите, девет на број, се уште го имаат италијанскиот нагласок во зборувањето и изгледот е поинаков отколку на другите ликови.
Односот кон жените
Во овој случај, ликот на Џои е во центарот на вниманието, поточно неговиот однос кон жените. Нема емоции, ги третира како предмети, се додека не покаже вистински чувства кон Рејчел за првпат во животот, и тоа во период кога таа е бремена.
Менталната состојба
Во сезоната кога Рос го завршува вториот брак со Емили, тој доживува нервен слом. Ситуација која пријателите ја исмеваат, иако станува збор за сериона ментална состојба. Нешто кое денес не би поминало незабележно или барем неискоментирано.
Ова се само дел од ситуациите кои се набројани како нешто што не би поминало во тв сериите денес, барем не во Америка.
Денес, многу повеќе се внимава на тоа да не се навреди одредена малцинска група, третманот кон секој карактер е важен, макар било тоа и измислена ситуација.
Како и да е, без разлика на сè, Friends оставија белег во телевизиската историја, на кој публиката со задоволство се навраќа постојано.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот