„Растењето е задолжително, но стареењето е избор.“
Филмовите можат да бидат класифицирани во една (или повеќе) од неколку различни категории. Филмовите на Дизни се обично етикетирани како сцени кои се најпогодни за деца или за семејство.
Без разлика на тоа, во ред е да седнете со огромна кутија пуканки пред вас, за да го видите најновиот Дизни филм. Исто така е сосема во ред да се оди во Дизниленд со придружба на возрасни пријатели без деца.
Всушност, целта на Волт Дизни била да создаде премин кон свет каде што секој може да го ослободи детето кое го носи во себе и да не се срами да се препушти на фантазијата, да не размислува на своите години.
Светот на Дизни нема возрасни граници. Никој никогаш не е стар за Дизни филмовите, а ова се само неколку причини кои го потврдуваат тоа:
1. Дизни филмовите се умствен одмор од секојдневието
Повеќето Дизни филмови траат час и пол - до два максимум, што ви овозможува кратка пауза и бегство од стресот. Запомнете, секојдневните обврски и грижи ќе ги има секогаш.
2. Дизни филмовите го ослободуваат детето во нас
Дури и луѓето кои тврдат дека се зрели, имаат свои моменти на незрелост. Бидете сигурни дека појавувањето на детето што сите го поседуваме и чуваме внатре во себе, се појавува секогаш - на овој или на оној начин. Подобро е да го негуваме.
3. Секогаш има нешто ново и возбудливо
Технологијата постојано ни овозможува нови нешта. Во Дизниленд постојано има нови можности за авантура - интересни возења, секогаш различна храна во форма на омилените Дизни ликови. Исто така, пред екраните постојано можеме да видиме нови интересни приказни и филмови.
4. Животните лекции на кои нѐ научи Дизни
Иако овие лекции се чинат едноставни и делуваат како да е нешто основно кое сите го знаеме, тие се основа за нашиот развој и растење. Тие се едни од најважните во животот.
„Ако продолжиш да веруваш, соништата кои ги посакуваш ќе се остварат.“
-Пепелашка
„Запамти дека ти си оној кој ќе го исполни светот со сонце.“
-Снежана и седумте џуџиња
„Минатото може да те повреди, но како јас гледам на тоа: или ќе избегаш од него или ќе научиш нешто.“
-Кралот Лав
„Велат ако сонуваш нешто повеќе од еднаш - сонот ќе се оствари.“
-Заспаната убавица
5. Погледнете ги туѓите импресии од Дизни филмовите или посетата на Дизни парковите
Повеќето луѓе можат да наведат бар еден аспект од Дизни во кој што најмногу уживаат, без разлика дали станува збор за она што го гледаат на екраните или за сето она што Дизниленд го нуди.
Прегрнете ги моментите на радост, бидејќи токму тие спомени ќе траат цел живот, особено кога можете да ја забележите магијата која сјае на лицата на оние кои го доживеале Дизни светот.
6. Оживејте го вашето прво Дизни искуство
Доколку веќе сте го искусиле светот на Дизни кога сте биле деца, секој пат кога ќе го гледате стариот омилен филм или ако имате можност по втор пат да го посетите Дизниленд, спомените ќе ве преплават од вашето претходно искуство.
Препуштете се.
Дизни е за сите генерации, без разлика дали имате 5 или 85 години, па тогаш зошто да не уживате со цело свое битие?
Како меѓусебно се поврзани ликовите од бајките
Какви приказни крие тајниот апартман на Дизни?
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.