Вкусна рибја чорба (посно)

0
Share on Facebook
Tweet on Twitter

За денешното посно мени предлагаме рибја чорба со три вида риба и школки, одлична за оние кои постат со риба.

Состојки

  • 300 гр. лосос
  • 100 гр. ослиќ
  • 150 гр. пастрмка
  • чистени школки
  • 3 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • 2 стапчиња целер
  • 3 моркови
  • 8-10 шери домати со дршка
  • 2 парчиња инчуни
  • 1+1/2 лажица брашно
  • 2 л. вода
  • сол и бибер
  • 1 лажичка концентрат од домат

    Подготовка:

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Во ростер тавата наредете ги парчињата риба и печете 15 минути да фатат боја и да пуштат маснотија.

Чекор 2: Додека се пече рибата исецкајте ги лукот, кромидот, морковот, целерот и шери доматите со дршка.

Чекор 3: Во сад на оган додадете маслиново масло и додадете ги исецканите зеленчуци и инчуните. Додадете ги и школките. Во садот на оган додадете и 1 и пол лажица брашно, лесно да се пропржи.

Чекор 4: Додадете 2 литри топла вода и оставете да се крчка. Смесата од зеленчуци можете да ја изблендирате рустично, да остане по некое покрупно парче.

Чекор 5: Исчистете ја печената и оладена риба од коските и месото додадете го во садот на оган. Додадете сол и бибер. На крај додадете го концентратот од домати и оставете да крчка 20 минути.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Не ја одбегнувајте дршката од доматите, таа го дава интензивниот шмек на доматите и го збогатува вкусот.

Рецептот е преземен од Moirecepti.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот